Вистински хаос владее деновиве во репрезентацијата на Португалија, а главната причина, секако, е Кристијано Роналдо.
Еден од најдобрите напаѓачи на 21 век, а веројатно и на сите времиња, го напушти репрезентативниот камп бидејќи бил лут што не играл против Норвешка. Тој ја напушти репрезентацијата, а сега Жорж Жезус одговори и на неговото соопштение објавено еден ден претходно:
„Вчера го прочитав соопштението на Кристијано и мојата прва реакција беше едноставна – никогаш не требаше таквите работи да ги изнесува во јавноста. Кога еден играч ќе почне да верува дека неговото име му дава право да ја доведува во прашање секоја одлука, тогаш имате проблем“, изјави Жезус.

Искусниот стручњак остро му одговори на Роналдо, нагласувајќи дека секој мора да го заслужи своето место во тимот:
„Кристијано Роналдо е легенда на Португалија, но легендите се паметат по она што го направиле – минутите на теренот не им се загарантирани поради нивното минато. Не можам да изберам играч само поради неговата репутација, а да го занемарам она што денес ни го дава на теренот“.

Тој објасни и зошто го изоставил Роналдо од составот против Норвешка:
„Луѓето постојано прашуваат зошто е изоставен од тимот и зошто седи на клупата. Одговорот е фудбалот. Во овој момент имам играчи кои на оваа екипа можат да ѝ дадат поголем интензитет, повеќе движење и поголема рамнотежа. Ако Роналдо не може да го прифати тоа, тогаш тоа е негов проблем, а не мој“, изјави Жезус, а потоа испрати уште поостра порака:
„Португалија не му припаѓа на Кристијано Роналдо. Таа му припаѓа на португалскиот народ. Ниту еден играч не е поголем од репрезентацијата и никогаш нема да го жртвувам тимот само за да усреќам една суперѕвезда“.

Жезус истакна дека за него тимот е најважен:
„Ако Кристијано мисли дека Португалија не може да функционира без него, тогаш мора да сфати една работа: Ние градиме тим, а не споменик на еден играч“.











