Христијан Бузалковски е европски вице шампион во брзински мотоциклизам

Точка

01/10/2026

12:43

556

Големина на фонт

а а а

Христијан Бузалковски викендов ги возеше последните две трки од ФИМ Европскиот шампионат и Алпе Адриа!

Нашиот натпреварувач успеа да оствари одличен резултат и да се избори за втората позиција во генералниот пласман и со тоа да стане Европски вице шампион за 2026 што е историски и најголем успех во историјата на Македонскиот Моторциклизам!


ХБ: Морам да признаам дека сеуште сме под импресии , бидејќи остваривме историски успех за брзинскиот моторциклизам во Македонија! Овој викенд беше еден од потешките ( гледано од психички аспект , затоа што мораше да го победам конкурентот од Швајцарија во двете трки за да ја освојам вицешампионската титула! На првата трка во саботата завршив втор на ФИМ а мојот конкурент 5ти , со што ја зголемив мојата предност на 5 бодови.


Во втората трка во голема борба за првата позиција морав да се задоволам со втората позиција за само 0.1 секунди зад победата и со тоа го зацврстив второто место во генералниот пласман на ФИМ Европскиот Шампионат. Емоциите неможеа да се опишат после оваа трка! Ова беше можеби мојата најдобра трка во мојата кариера! Публиката , коментаторите и сите присутни буквално "урлаа" додека траеше трката! Фала ви на сите од срце за поддршката!