Анри за новата дефанзивна ѕвезда на Французите: Одамна знаев дека има јасна визија за иднината

Дерби

01/10/2026

15:15

512

Големина на фонт

а а а

Француската фудбалска репрезентација ја започна ерата под водство на новиот селектор Зинедин Зидан, кој треба да ја продолжи традицијата според која „триколорите“ постојано се во конкуренција за трофеите на големите натпреварувања, иако последен пат се израдуваа на трофеј во 2018 година.

Зидан полека вклучува и дел од помладите фудбалери кои се наметнаа со своите клупски настапи, а меѓу нив е и дефанзивецот Жереми Жаке, кој веќе си обезбеди трансфер во Ливерпул.

Жаке има само 21 година, но веќе импресионираше со своите настапи во тандем со Вирџил ван Дајк, а легендарниот Тјери Анри вели дека не е изненаден од пробивот на дефанзивецот.

– Кога бев селектор на младинската репрезентација, сакав да го повикам во У-21 тимот, но тој не дојде бидејќи имаше 16-17 години и сакаше да им се посвети на испитите на училиште.

– Уште од тогаш тој и неговото семејство имаа јасна визија и за фудбалот и за образованието, а веќе се гледа колку е интелигентен на теренот и колку добро се развива, тактички, но и физички.

– Тоа што игра покрај Ван Дајк сигурно му помага дополнително, но искрено, не сум изненаден што добива вака голема одговорност од Зидан. Тој секогаш бил во слична ситуација и во младинските категории, – рекол Анри.