Во цела Европа само една членка на УЕФА нема своја фудбалска лига, а постојат тенденции тоа наскоро да се промени.
За сите познавачи на фудбалот, ова е лесно прашање. Тоа е, секако, Лихтенштајн. Најсилниот клуб во оваа земја и професионалниот клуб Вадуз се натпреварува во швајцарскиот фудбал и редовно игра во Европа.
Лихтенштајн во моментов е единствената членка на УЕФА која нема своја фудбалска лига. Иако Сан Марино е помал по површина, тој има свое првенство, додека Ватикан и Монако не се членки на УЕФА.

Правилата на УЕФА велат дека една држава мора да има осум клубови за да се формира фудбалска лига.
Интересно, Лихтенштајн во моментов има седум клубови и му недостига уште еден за да се формира фудбалско првенство.
Тоа се Вадуз, УСВ Ешен/Маурен, Шан, Ругел, Балцерс, Тризен и Тризенберг.
Постојат тенденции тоа наскоро да се промени и Лихтенштајн да добие осми клуб, а потоа и државна лига.
Постојат неколку опции со кои може да се реши проблемот.

Наједноставно е клубот УСВ Ешен/Маурен да се подели, како што било порано. Имено, до 1963 година тоа биле два клуба, а потоа се споиле во еден клуб и создале заедничко име од претходните два.
Втората опција е формирање нов клуб во Гамприн, што е најголемата општина без фудбалски клуб.
Третата опција е повторно формирање на клубот Кикерс Милехолц. Станува збор за клуб од Шан кој постоел до 1935 година и се натпреварувал во австрискиот фудбалски систем.








