Обраќањето на Жорж Жезус од прес-центарот во Копенхаген предизвика бура во португалската фудбалска репрезентација, а сето тоа резултираше со бојкот од страна на капитенот кој експресно реши да го напушти репрезентативниот парки.
Острите зборови на искусниот стручњак очигледно го навредија капитенот на португалската репрезентаицја, по што тој самоиницијативно реши да го напушти тимот, откако претходно одработил разговор и со претседателот на Федерацијата.
Првиот човек на португалскиот фудбал денеска пристигна во Копенахген со цел да ја смирува тензијата во националниот тим, но новото обраќање на Жезус ја прели чашата и Роналдо одлучи да не остане дел од тимот во такви околности.
– По прес-конференцијата на селекторот и по разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, одлучив да го напуштам тренинг-кампот на репрезентацијата.
– Во соодветно време, на португалскиот народ ќе му ја кажам вистината за причините за моето заминување од репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил посветен. Сега е време да и посакам среќа на Португалија и на сите мои соиграчи, без исклучок на се, – порача Роналдо.












