Карагер долго молчеше па излезе со став за скандалот со Сити

Дерби

01/10/2026

15:14

424

Големина на фонт

а а а

Џејми Карагер е активен на дневно ниво со коментарите поврзани со случувањата во Премиер лигата и европскиот фудбал, а дел од фудбалските фанови преку социјалните мрежи го обвинија дека е невообичаено тивок откако избувна скандалот со Манчестер Сити и потврдата дека клубот е виновен за финансиски малверзации.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул сега го прекина молкот и побара Сити да остане без сите трофеи освоени во спорниот период.

– Сити продолжува да живее во заблуда, одбивајќи да признае дека нивната репутација е уништена откако беа прогласени за виновни по 114 од вкупно 115 обвиненија против нив. Истовремено, директорот Феран Соријано звучеше како Доналд Трамп, зборувајќи за заговори и изнесувајќи низа неповрзани факти.

– Титулите мора да му се одземат на Сити, казната мора да биде строга за да се спроведат правилата, да се даде пример и да се одвратат идните сопственици кои би можеле да дојдат во искушение да го следат примерот на Сити, – порачал Карагер.

Џејми тврди дека ситуацијата сигурно ќе влијае и во соблекувалната, па нема да биде изненадување ако одреден број играчи посакаат да го напуштат клубот по крајот на сезоната и да се ослободат од притисокот кој се наметнува кон клубот и кој нема брзо да исчезне.