Баерн ќе му понуди нов договор на Олисе, Французинот поставува еден клучен услов

Дерби

01/10/2026

12:04

864

Големина на фонт

а а а

Мајкл Олисе во 2024 година го замени Кристал Палас со Баерн Минхен, трансфер кој беше изненадувачки за многумина во тоа време, но се покажа како вистински погодок за германскиот великан.

Олисе е незаменлив во Баерн, фудбалер кој носи магија, ја носи играта, екипата, играч кој игра за самиот тим и потврда за тоа е фактот што има повеќе асистенции од постигнати голови (50 голови и 58 асистенции на 114 натпревари). Тој со клубот од Минхен ги освои сите трофеи на домашната сцена и сега целта е да се „грабне“ пехарот во Лигата на шампионите што е реална мисија со оглед на квалитетот, знаењето, искуство и секако традицијата која ја има бундеслигашот во елитното натпреварување.

Во исто време Баерн работи на продолжување на соработката со Французинот кој минатово лето беше на мета на Реал Мадрид.

Свесни се на „Алијанц Арена“ дека постои опасност и покрај тоа што офанзивецот има активен договор до 2029 година. Тие ќе му понуда нов договор до 2032 година со кој ќе добие драстично зголемување на платата од 12 на 21 милиони фунти по сезона со што би бил на ниво на Хари Кејн и Џамал Мусиала.

Меѓутоа според „Билд“ постои една клучна точка, ставка која од таборот на Олисе сакаат да ја стават во новиот договор, тоа е откупна клаузула. Мајкл сака да има одредена контрола околу неговата иднина и црно на бело да има опција да може да си замине ако на пример Реал дојде и ја активира калузулата која би изнесувала 170 милиони фунти.