[ФОТО/ВИДЕО] Била секс-икона - се збогувала со тенисот во 1996 година, а сега по долго време се појавила во јавноста: Изгледа сензационално

Точка

31/08/2026

19:31

615

Големина на фонт

а а а

Поранешната спортска ѕвезда и секс-икона од 80-тите и 90-тите години, Габриела Сабатини, по долго време се појави во јавноста и воодушеви со својот изглед.

Поранешната тенисерка, која годинава го прослави 56-тиот роденден, во саботата се појавила во Меѓународната тениска куќа на славните во Њупорт, Род Ајленд.

На црвениот килим блеснала во фустан со цветен дезен, кој го искомбинирала со елегантно темносино сако и бели сандали. Црната коса и била пуштена, а со шминката ги истакнала природните црти на лицето.


Сабатини сите особено ги воодушевила со својот младешки изглед, а многумина забележале дека и во шестата деценија од животот изгледа сензационално.


„Таа навистина е безвременска. Нејзиниот стил и игра отсекогаш беа подеднакво елегантни како и таа самата“, „Една од најзгодните тенисерки на сите времиња“, „Не само што изгледа одлично, туку секогаш е елегантна, грациозна и скромна. Вистински пример“, „Како е можно воопшто да не остарела?“, „Сабатини му беше симпатија на татко ми. Те разбирам, тато. Те разбирам“, „Ми беше симпатија додека играше. Сега е уште поубава отколку тогаш“, беа само дел од коментарите.

Сабатини во текот на својата кариера беше една од најдоминантните тенисерки, со вкупно 41 титула во сингл и двојки. Таа го освои Ју-Ес Опен во 1990 година, сребрениот медал на Олимписките игри во 1988 година, како и Вимблдон во двојки истата година.

Многумина ја паметат и како една од најубавите тенисерки на своето време, а нејзиното ново појавување во јавноста само го потврди тој статус.