Лиса Кудроу откри зошто секогаш одбива една молба од обожавателите: „Луѓето ме замолуваат, но јас не го правам тоа“

Точка

31/08/2026

15:17

657

Големина на фонт

а а а

Актерката Лиса Кудроу, најпозната по улогата на Фиби Буфе во серијата „Пријатели“, открила дека постои едно барање од обожавателите кое секогаш одбива да го исполни.

Гостувајќи во поткастот на Конан О’Брајан „Conan O’Brien Needs a Friend“, Кудроу објаснила зошто никогаш не се согласува на барањата да зборува со гласот на својот славен лик.

„Не можам едноставно да ја вклучам“

Кудроу рекла дека едноставно не може на барање да ја „вклучи“ Фиби.

„Не го правам тоа. Луѓето ме замолуваат, но се плашам дека ќе ги разочарам“, изјавила актерката.


Таа истакнала дека нејзиниот секојдневен глас не е гласот на Фиби Буфе и дека не може во еден момент да се трансформира во ликот.

„Не можам да го изведам тоа. Едноставно не оди. Морам да се внесам во ликот, а тоа не можам да го направам тукутака, на улица“ нагласила Кудроу.

Денес е поинаква личност

Актерката смета дека ја добила улогата затоа што во времето на аудицијата била многу слична на ликот што требало да го игра. Таа призна дека се чувствува како да ги „измамила“ авторите на серијата, Марта Кауфман и Дејвид Крејн, бидејќи нејзината личност во тоа време била речиси идентична со онаа на Фиби.


„Тоа бев јас во тоа време. Со текот на времето се променив и повеќе не сум истата личност“, објаснила Кудроу и додала дека денес повеќе ја нема таа „Фиби енергија“.

О’Брајан го споредил нејзиниот случај со музичарите

Водителот Конан О’Брајан го поддржал нејзиниот став и ги споредил ваквите барања со ситуација во која некој на улица би побарал од музичар да ја отпее својата најпозната песна.

„Тоа е како кога некој ќе каже: ’Еј, отпеј ја онаа песна! Само отпеј ја сега!‘“, коментирал О’Брајан, посочувајќи дека за таква изведба е потребен соодветен контекст.


Кудроу ја толкуваше Фиби Буфе во сите десет сезони на популарната серија „Пријатели“, од 1994 до 2004 година. За оваа улога во 1998 година ја освои наградата „Еми“, а ликот на необичната масерка и музичарка остана еден од најпрепознатливите телевизиски ликови на сите времиња.