[ВИДЕО/ФОТО] Сопругата на Алек Болдвин и по шест породувања изгледа одлично: Ова е нејзината тајна

Точка

31/08/2026

17:41

435

Големина на фонт

а а а

Хиларија Болдвин, сопругата на актерот Алек Болдвин, во неодамнешно интервју за американските медиуми ја откри тајната на својата витка фигура.

Хиларија Болдвин и Алек Болдвин важат за еден од најскладните парови во светот на познатите. Иако актерот е дури 26 години постар од својата сопруга, тоа не ги спречува да уживаат во љубовта, семејниот живот и заедничките активности.

Тие се горди родители на седум деца – Хиларија родила шест, додека седмото дете го добиле со помош на сурогат-мајка – а активни се и на социјалните мрежи, каде често споделуваат симпатични моменти од семејниот живот.

Хиларија во неодамнешно интервју за „Fox News Digital“ зборувала за приватниот живот, но и за својата фитнес-рутина. Иако поминала низ шест породувања, сопругата на славниот актер е во одлична физичка форма, а сега откри и некои од своите мали тајни.


Како што истакнала на почетокот, нејзината физичка активност не се одвива секогаш во теретана, па понекогаш тренингот го прави дури и во бањата во својот дом.

„Јас сум мајка, трчам секој ден, тоа ми помага да го регулирам нервниот систем и мислам дека токму тоа најмногу го сакам“, изјавила таа, а потоа додала:

„Потоа правам јога или мојот мал тренинг во бањата, а често застанувам и правам интензивен тренинг со кратки паузи, кој трае само неколку минути“, истакнала Хиларија.

Иако е посветена на физичката активност и на вежбите што може да ги направи во кој било дел од денот, Хиларија признава дека ужива и во оние мали, „забранети“ животни задоволства.


„Луѓето мислат дека салатите се единственото нешто што го јадам. И да, некогаш беше така, но повеќе не е. Навечер често отвораме кутии сладолед и сите заедно јадеме, две различни кутии во 21 часот. Понекогаш така изгледа мојот ден“, признала таа.

А кога новинарот на „Fox News Digital“ ја прашал Хиларија дали нејзиниот сопруг Алек Болдвин има желба да ѝ се придружи во овие здрави навики, таа само се насмеала.

„Ма, тој не може ни да си ги допре прстите на нозете. Буквално се омажив за најнефлексибилниот човек што сум го запознала во животот.“

На крајот од разговорот, Хиларија споделила и еден љубовен совет со своите обожаватели.

„Секогаш кога моите пријатели ми зборуваат за своите нови врски, јас секогаш им велам: ’Ако не е тука за тебе и во лошите и во добрите моменти во животот, тогаш таа врска едноставно нема да успее‘“, рекла таа и додала:

„И Алек и јас бевме заедно во тешките моменти и не се откажавме. Сакавме да бидеме тука, заедно, и мислам дека токму поради тоа станавме посилни.“