Синот јавно го поддржува Диди: „Ослободете го татко ми“

Точка

31/08/2026

18:49

372

Големина на фонт

а а а

Шон „Диди“ Комбс издржува затворска казна, а додека тој е во затвор од септември 2024 година, неговото семејство и понатаму јавно му дава поддршка.

Неговиот син, Кристијан „Кинг“ Комбс, неодамна го искористил преносот во живо на раперот DDG (Ди Ди Џеј) за да испрати порака и извикал: „Ослободете го татко ми“. Оваа интеракција ја забележаа бројни медиуми.

На снимката, која првично ја сподели „The Jasmine Brand“, се гледа како Кристијан Комбс и Ди Ди Џеј се поздравуваат на забава на отворено. Во еден момент Комбс се наведнува кон камерата и вели: „Ослободете го татко ми“. Целата ситуација дополнително ја „зачини“ фактот што во заднина се слушал хитот „Big Poppa“ на Биги Смолс.


Раперот на тоа реагирал со насмевка и се свртел, очигледно не сакајќи да го коментира повикот на Комбс, па само продолжил да се движи во ритамот на музиката. Кристијан набргу потоа повторно му пришол и го прашал каде може да ги види коментарите на гледачите. Раперот од Мичиген му покажал кон камерата, а Комбс повторно ја упатил својата порака: „Ослободете го татко ми“. Иако ситуацијата можела да стане напната, сè поминало без непријатности.

Излегувањето на Диди и правните проблеми на семејството

Инаку правните проблеми на Шон Комбс се испреплетени со оние на неговиот син Кристијан. Постои можност сведочењата од судењето на Диди да бидат искористени во тужбата за сексуален напад поднесена против Кристијан, но исходот од таа постапка сè уште не е познат.


Поддршката што семејството Комбс му ја дава на музичкиот магнат предизвикува поделени реакции во јавноста. Додека дел од луѓето ги критикуваат, други покажуваат поголемо разбирање за семејната лојалност во тешки околности. И покрај сè, очигледно е дека семејството и понатаму им е на прво место.

Според моменталните информации, Диди би требало да ја издржува федералната затворска казна до 20 февруари 2028 година. Сепак, тој датум може да се промени во зависност од исходот на жалбените постапки и другите граѓански судски спорови што се во тек.