Страшно! Познат фудбалер за малку ќе загинел на базен! И натаму го држат во кома, не се памети ваква драма! Цела Италија е на нозе, клубот веднаш се огласи!

Точка

17/08/2026

20:19

604

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Каљари, Јаел Трепи, е хоспитализиран откако изгубил свест на базен. Италија е во шок додека младиот напаѓач се бори за живот.

Фудбалерот на Каљари, Јаел Трепи, е примен на одделот за интензивна нега во болница, откако ненадејно изгубил свест додека престојувал на базен на Сардинија.

Клубот од Сардинија потврди дека 20-годишниот француски напаѓач се наоѓа на лекување во здравствена установа во Сасари.


Лекарските прегледи и снимката на градниот кош покажале дека во неговите бели дробови има значително количество вода, поради што лекарите донеле одлука да го стават во медицински предизвикана кома.

Несреќниот фудбалер веднаш по инцидентот, кој се случил во неделата попладне, итно бил пренесен со хеликоптер во болница.


„Јаел Трепи во моментов е хоспитализиран и се наоѓа на одделот за интензивна нега. Клубот е во постојан контакт со болницата и со семејството на фудбалерот и внимателно го следи развојот на ситуацијата. Мислите на сите во Каљари се со Јаел и неговото семејство“, соопшти италијанскиот клуб, истовремено упатувајќи молба да се почитува приватноста на фудбалерот.

Фудбалерите на Каљари добиле слободен викенд по триумфот над Арецо (1:0) во Купот на Италија, одигран во петокот, натпревар на кој Трепи поминал 54 минути на теренот.


Младиот Французин во текот на минатата сезона забележал осум настапи во Серија А и еднаш се запишал во листата на стрелците.