Нов пресврт: Јувентус се откажа од Мартинез и го договори голманот кој го предложи Буфон

Дерби

17/08/2026

13:47

380

Големина на фонт

а а а

Јувентус се реактивираше на тема „Емилијано Мартинез“ и оствари нови контакти за да го ангажира аргентинскиот чувар на мрежата, но домино-ефектот за кој веќе се пишуваше два дена, на крајот нема да се реализира во целост.

ПСЖ одби да го купи Зион Сузуки од Парма поради високи провизии кои ги побарале агентите на голманот во последен момент, тоа остави простор за Астон Вила брзо да го договори јапонскиот чувар на мрежата, но истовремено отвори нови преговори меѓу премиерлигашот и Јувентус за трансфер на Мартинез.

Се чинеше дека потегот на ПСЖ ќе предизвика домино-ефект во Астон Вила и Јувентус, па иако англискиот клуб си остана на зборот и го договори Сузуки, Јувентус на крајот се откажа од ангажман на аргентинскиот чувар на мрежата.

Клубот од Торино пресекол на оваа тема доцна во ноќта поради високите финансиски барања и повредата на раката која носи ризик со Дибу, па во период од неколку часа, Јувентус договорил голман кој инаку беше препорачан од Џанлуиџи Буфон.

Џиџи пред неколку недели го предложи Гуљелмо Викарио како голман кој ќе биде вистинска гаранција за Јувентус, а последните информации кои пристигнуваат од Италија велат дека „старата дама“ го договорила голманот на Тотенхем.

Угледните италијански медиуми откриваат дека работата е завршена, Викарио ќе пристигне во Торино на едногодишна позајмица, со тоа што клубот ќе има право на целосен откуп по крајот на сезоната.