[ВИДЕО] Самодоверба на највисоко ниво: Одегард го „измести“ Донарума, па се насмевна пред да постигне гол

Дерби

17/08/2026

07:33

782

Големина на фонт

а а а

Арсенал делуваше како казнена експедиција на натпреварот во Кардиф и реализираше најголем дел од шаните кои ги креираше против Манчестер Сити, а точка на финалето стави Мартин Одегард.

Капитенот на англискиот шампион го постигна голот за 3:0 на стартот на вториот дел, но на крајот испадна дека тоа е последен гол на дуелот меѓу Арсенал и Сити.

Енцо Мареска брзо дозна дека има уште многу работа пред себе во новиот проект и во овој момент Арсенал изгледа како далеку „поиспеглан“ тим, а од важна улога во вакви пресметки е и самодовербата која кај „топчиите“ беше на завидно ново од самиот старт.

Калафиори погоди по само 23 секунди игра на теренот во Кардиф, потоа погоди и Хаверц по додавање од Цолис, а токму Гркот беше асистент и за третиот гол.

Одегард доби топка во срцето на шеснаесетникот и изби сам пред Донарума, па покрај тоа што го „измести“ Италијанецот, забавените снимки покажаа дека имал време и да се насмевне пред да ја погоди празната мрежа на Сити.