Барселона во текот на вчерашниот ден си подаде рака со Манчестер Сити и го договори трансферот на Родри, но пред Шпанецот да пристигне во Каталонија, такво нешто веќе ќе направи Жоао Кансело.
Португалецот кој цело лето чекаше разврска на својата сложена ситуација во Ал Хилал и се надеваше на враќање на „Камп Ноу“, сега дочекува таков расплет на настаните, откако доцна во ноќта саудискиот клуб спогодбено му го раскина договорот.
Ал Хилал и правеше проблеми на Барселона околу висината на отштетата за десниот бек, но по раскинот на договорот, Кансело ќе пристигне како слободен агент и веќе е на пат за Каталонија.
Самиот Кансело преку социјалните мрежи откри дека веќе е во авионот и патува кон Барселона, каде денеска треба да пристигне и да ги мини стандардните процедури пред да се претвори во четврто летно засилување.
Барселона во овој летен преоден рок ги потврди Гордон, Адејеми и Бисиву како три засилување за Ханси Флик, Кансело ќе биде четврто, а Родри наскоро ќе стане петто големо засилување за подновената Барса.







