Екс играч на Арсенал се одјави од фудбалот на 34 години: Доста страдав

Дерби

17/08/2026

14:38

516

Големина на фонт

а а а

Фудбалските ѕвезди одлучуваат да стават крај на кариерите во моментите кога веќе не чувствуваат доволно мотивација за да се натпреваруваат на највисоко ниво, поради тешки повреди и непријатни семејни ситуации, но многупати и поради фатена надолна линија која ги прави работите доста комплицирани во професионалниот фудбал.

Последниот критериум го исполни Карл Џенкинсон и англискиот фудбалер самиот ја информираше јавноста дека се повлекува на само 34-годишна возраст, сето тоа како резултат на големиот пад кој го забележа во кариерата по заминувањето од Арсенал.

Поранешниот првотимец на Арсенал во најдобрите денови дочека и еден повик од најсилната англиска репрезентација, успеа да запише и еден настап, но откако кариерата му замина во целосно погрешен правец, сега реши да се одјави од фудбалот.

Десниот бек реши да се одјави со едно долго и поразлично соопштение од сите други кои ги објавуваат фудбалерите, порачувајќи дека во фудбалот треба да се прикажат и тешките страни кои се клучни во обидот да се стане професионален фудбалер.

Џенкионсон им се обрати на младите деца и им нагласи дека талентот не е доволен за да се стигне најдалеку во фудбалот, а како најдобар пример за тоа го посочи Алексис Санчез, фудбалерот кој за него бил пример за тоа како секој тренинг треба да изгледа.

– Страдав многу низ годините, а сметам дека дојде време да се каже доста за тоа. Страдав за да ја пронајдам вистинската самодоверба за да играм на највисоко ниво, но токму таа несигурност која ја имав во себе правеше да дадам повеќе од што имам на секој тренинг.

– Не сакам да се создава розова слика за тоа како изгледа играчката кариера, сакам да бидам појасен за младите генерации. Зад сцената не е така како што изгледа, мора да се вложите и да дадете максимум. Мора да се однесувате на секој тренинг како животот да ви зависи од тоа. Ќе го издвојам како пример Алексис Санчез. Едноставно уау, тој тренираше на секој тренинг како да е негов последен. Тоа е главниот двигател во фудбалот, – вели Џенкинсон.