Нејмар имаше непријатно соочување со „стар пријател“, па стана прва жртва на новото фудбалско правило

Дерби

17/08/2026

13:45

423

Големина на фонт

а а а

Нејмар се навикна да игра по 90 минути во последно време и конечно изгледа како играч кој ги остави повредите зад себе, а во таква ситуација, на Сантош му е многу полесно да стигне до победа.

Бразилскиот великан го доби дербито со Васко со резутлат 3:0, но покрај случувањата во текот на регуларниот дел, овој натпревар стандардно доби „жешка“ увертира поради анимозитетот меѓу Нејмар и Тиаго Мендеш.

Двајцата се стари непријатели од Лига 1 кога имаа голем инцидент на натпревар меѓу ПСЖ и Лион, а шест години подоцна, се чини дека страстите не се стивнати.

Нејмар покажа класа и немаше проблем да се ракува со Мендеш, но Тиаго само го одмина капитенот на Сантош и го остави да виси со рака.

Овој невкусен момент послужи само како дополнителна мотивација да се оствари победа, во која за издвојување е и моментот кога Нејмар беше жртва на новото фудбалско правило.

Новите пропозиции велат дека капитенот мора да оди на едноминутен одмор надвор од теренот ако голманот намерно го задржува времето и лажира повреда, нешто што се случи рано утрово на натпреварот меѓу Сантош и Васко.