Реал Мадрид полека влегува во завршната фаза од подготовките за новата сезона во шпанската Ла Лига, па вчера го одигра претпоследниот натпревар пред првиот натпревар во Ла Лига.
Тимот на Жозе Мурињо беше гостин во А Коруња на традиционалниот турнир „Тереза Ерера“, а иако мораше добро да се испоти против мотивираниот Депортиво, Реал Мадрид успеа да слави победа со голот на Брахим Дијаз.
Комбинацијата меѓу голманот Лунин и Брахим направи главна разлика на теренот, а Жозе станува се позадоволен од тоа како изгледа неговиот тим, без оглед на фактот што најголемите ѕвезди како Винисиус, Мбапе, Белингам и Диоманде сè уште не го одиграле првиот меч.
Мурињо вчера го освои првиот трофеј во втората етапа во Реал Мадрид, но и самито знае дека допрва следи најважното.
– Одигравме сериозен натпревар против тим кој се врати во Ла Лига. Овој трофеј има многу традиција за нив и тие дадоа се за да го освојат. Не натераа да играме сериозно, знаеме дека секој домаќин сака да го освои својот трофеј во пресезоната. Ова за нив беше натпревар за трофеј, а за нас многу добар тренинг кој успешно го положивме.
– Не форсиравме, им дадов шанса на повеќе играчи, а знаете и кои големи ѕвезди останаа во Валдебабас. Испробавме варијанти, различни структури и тоа е најважно во оваа фаза од летото. Важно е да се победи, но поважно е да се стекне ритам и континуитет. Гледам многу позитивни работи и ми се допаѓа како работи тимот. Тимот расте од меч во меч и знаеме дека допрва следи она најважното, – изјави Мурињо.
Реал до крајот на летните подготовки ќе одигра уште еден тест натпревар со Шалке, а на крајот на наредната седмица го чека првиот натпревар во Ла Лига против Еспањол.
⚖️ ¡Levantar el Trofeo Teresa Herrera es cosa de dos! pic.twitter.com/RNLu7DbPAI
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) August 12, 2026












