Душан Влаховиќ нема да ги менува боите на дресот, но дефинитивно направи голема промена во својата кариера и вчера официјално позираше со новите обележја во Истанбул.
Иако направи трансфер во Турција, српскиот напаѓач ќе продолжи да носи „црно-бел“ дрес на себе и во иднина, но покрај тоа што беше еуфорично пречекан од фановите, за турските новинари посебно необичен беше и еден детаљ.
Влаховиќ пристигна во Истанбул со две гајби домати покрај својот стандарден багаж, а еден ден по промоцијата, пристигна и објаснување за што точно се работи.
Турскиот новинар Емре Танривер откри дека добил инсајдерски информации за што станува збор, односно и објасни на јавноста дека станува збор за елегантен гест од Влаховиќ до челните луѓе на Бешкиташ кои воделе преговори со него во Белград.
– Ја дознав позадината на приказната околу доматите. Директорите на Бешикташ кои вечерале со Душан во Белград, останале воодушевни од вкусот на доматите во ресторанот. Влаховиќ се погрижил да ги добие истите домати од сопственикот во Белград и затоа сега дојде со две гајби за ги изненади Турците, – открива новинарот.
Dusan Vlahovic, Beşiktaşlı yetkililere Belgrad'dan 2 kasa domates hediye etti. (Onur Taşcıoğlu) pic.twitter.com/l6cnT6UZ69
— Nexus Sports (@nexustransfer) August 12, 2026








