Фабијан Руиз се врати на тренинг обврските како актуелен светски шампион овој понеделник, а веќе вчера беше на теренот и доби мала минутажа во завршницата од Суперкуп мечот со Астон Вила.
Шпанецот беше поштеден од Луис Енрике и допрва ќе треба да работи за враќање во максимално добар ритам, но кам-бекот во тимот е одбележан од еден разговор кој полека почна да се шири и надвор од соблекувалната на ПСЖ.
Луис Енрике и соиграчите го гледаат Фабијан Руиз како идеален кандидат за „Златната топка“, па потенцирањето на неговото име за ова престижно признание не го остава рамнодушен и самиот Шпанец.
– Вистината е дека во тимот ми повторуваат една работа, а тоа е онаа за „Златната топка“. За мене е чест што воопшто сум дел од тој круг на најдобри играчи. Не верувам дека оваа година ќе ја доделуваат наградата по мерило на освоени титули, но би бил среќен да ја освојам, зошто да не.
– Изминатава сезона беше неверојатна за мене, а сега ја почнувам и новата со нов трофеј. Почестен сум и многу среќен што можам да освојам толку многу титули, но мора да продолжиме да работиме напорно за да освоиме уште повеќе, – изјави Руиз.








