[ФОТО] Македонија станува светска сцена: Најголемиот креатор на улична кошарка, Мат Киатипис, доаѓа во Македонија

Точка

04/08/2026

13:03

1.254

Големина на фонт

а а а

Од 10 до 15 август 2026 година, Македонија ќе биде домаќин на еден од најатрактивните и најавтентични спортско-културни проекти реализирани во регионот, во организација на „Лолипоп ентертаинмент груп“.

За првпат во Македонија пристигнува светски познатиот изведувач на улична кошарка и еден од највлијателните креатори на кошаркарска содржина во светот, Мат Киатипис (MK - MKIATIPS). Тој ќе биде дел од шестдневната турнеја „Macedonia Takeover - MK in MK“, проект кој ги обединува спортот, музиката, културата, гастрономијата и дигиталните медиуми во едно уникатно искуство.

Мат Киатипис е препознатлив по своите спектакуларни кошаркарски настапи, милионските прегледи на содржините што ги објавува на социјалните мрежи и соработките со некои од најголемите светски брендови. Неговата содржина редовно достигнува десетици милиони луѓе ширум светот, што го позиционира како еден од највлијателните амбасадори на современата кошарка и дигиталната креаторска култура.


Сепак, овој проект не претставува само спортски настан.

Главната цел на турнејата е преку глобално препознатлив креатор да се претстави Македонија пред светската јавност, како земја со богата култура, традиција, гастрономија, музика и исклучително гостопримство. Во текот на шесте дена ќе се создава оригинална содржина која ќе биде објавувана преку платформите „Instagram“, „TikTok“ и „YouTube“, со потенцијал да достигне милиони органски прегледи кај публика од целиот свет.

Во рамките на турнејата ќе бидат организирани три големи јавни кошаркарски настани - во Скопје, Куманово и Охрид, како и снимање музички проект, продукција на музички видеоспот, промотивни активности, посета на најпознатите македонски знаменитости и презентација на македонската гастрономија и винската традиција.


Настанот во Скопје ќе се реализира во координација со Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, кој оваа година одбележува 60 години од своето постоење и претставува една од најзначајните институции во македонската кошарка.

Активностите во Куманово ќе се реализираат во соработка со MM Sport, додека организацијата на настанот во Охрид ќе биде поддржана преку партнерство со Inex Olgica, како дел од заедничката визија за промоција на Македонија преку спортот, туризмот и современата дигитална комуникација.


Организаторите очекуваат повеќе од 10.000 посетители на трите настани, како и повеќе од 5 милиони органски прегледи на содржините создадени за време на турнејата, со дополнително засилување преку домашни и регионални влијателни лица и медиуми.

„Macedonia Takeover - MK in MK“ претставува прв проект од ваков тип во Македонија, кој ја поврзува кошарката со дигиталната креаторска сцена, а амбицијата е тој да прерасне во традиционален меѓународен настан кој секоја година ќе привлекува светски познати личности, креатори и спортисти.

Проектот е фантастична можност Македонија да се претстави пред светот на современ, автентичен и глобално препознатлив начин - преку приказни, луѓе и содржини кои природно го привлекуваат вниманието на милионска публика.