Премиер лигата постави нов рекорд уште пред почетокот на сезоната

Дерби

04/08/2026

11:17

465

Големина на фонт

а а а

Новата сезона во англиската Премиер лига не е започната, а медиумите одбележуваат дека веќе е јасно дека со неа ќе биде испишана историја.

Дури девет клубови ќе ја почнат сезоната со нов менаџер, нешто што досега не се случило во историјата на Премиер лигата и е подобрување на рекордот поставен пред десет години.

Чаби Алонсо го презема Челси, Енцо Мареска го замени Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, а нови менаџери имаат и Ливерпул, Нотингем, Кристал Палас, Борнмут, Фулам и Ипсвич, додека Њукасл допрва ќе го потврди наследникот на Еди Хау.

Во сезоната 2016/17 осум клубови имаа нов предводник, а интересно тогаш во Сити пристигна Гвардиола, додека и Челси имаше нов менаџер во Антонио Конте, кој ги одведе „сините“ до титула во својата деби сезона во англиското првенство.

Според актуелната ситуација, Микел Артета сега е менаџер со најдолг стаж во својот актуелен клуб, извршувајќи ја функцијата во Арсенал од 2019 година, а само Диего Симеоне е подолго во својот клуб во однос на сите клубови од европската петорка.

За тоа колку често се менуваат менаџерите во ПЛ покажува и фактот што Мајкл Карик доби договор од Манчестер Јунајтед во мај, а во моментов само десет менаџери се подолго на својата позиција од него.