Матеус со критики за Инфантино и неговиот мундијалски проект: Отиде предалеку

Дерби

04/08/2026

14:54

141

Големина на фонт

а а а

Германската легенда Лотар Матеус е уште еден познат поранешен фудбалер кој испрати јавни критики на адреса на Џани Инфантино, осудувајќи го контроверзниот предлог на ФИФА да продаде дел од правата на светските првенства на приватни инвеститори.

ФИФА во меѓувреме се повлече од идејата, но Инфантино е под голем притисок да поднесе оставка, а и Матеус не го поштеди со својот коментар за германски „Скај“.

– Избра веројатно најлош момент за ваков предлог, но генерално ова е една од најапсурдните идеи кои сум ги слушнал во животот.

– Можеби во минатото има направено некои добри работи за фудбалот, но сега отиде предалеку.

– Посебно што се што има направено за време на својот мандат, најчесто е поврзано со пари. Сега или не се консултирал или добил лош совет, – рекол Матеус.