Ѓоковиќ предлага радикална промена за зголемување на популарноста на тенисот

Дерби

04/08/2026

12:42

448

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ е сопственик на многу тениски рекорди, а и на актуелната возраст се уште има амбиции да го подобри својот рекорден ефект на турнирите и посебно на тие од грен-слем серијата.

Истовремено, српскиот тенисер секогаш гласно говорел и се залагал за подобрување на условите за тенисерите, но и за зголемување на атрактивноста на спортот.

Ѓоковиќ денеска стана актуелен откако еден познат контент креатор објави видео во кое ја прашува големата тениска ѕвезда што би променила во популарниот спорт.

– Мислам дека треба да го промениме форматот во однос на должината на сетовите.

– Наместо да се игра на шест, да се игра на четири добиени гејмови, а може да се размисли и за елиминирање на елементот предност при решавањето на гејмовите.

– Како и да е, треба да се задржи форматот во пет сета за грен-слем турнирите, но задржување на мечевите во двочасовен слот би било добро за сите, – рекол Ѓоковиќ.