Хаџиевски ќе води клуб во Обединетите Арапски Емирати

Дерби

04/08/2026

13:26

214

Големина на фонт

а а а

Македонскиот фудбалски стручњак Ѓоко Хаџиевски веќе има нов ангажман и ќе работи во Обединетите Арапски Емирати.

Кратко откако стави крај на соработката со Спартак Варна, искусниот тренер прифатил да го преземе тимот на Ал Мединах Вондерерс.

Ал Мединах настапува во понизок ранг во ОАЕ, но има амбициозно раководство кое се надева дека клубот ќе расте под водство на Хаџиевски.

Нашиот стручњак има сериозно искуство во овој дел од светот каде водеше многу клубови, а имаше успешен период и во Бугарија, каде го напушти Спартак на самиот почеток на новата сезона.