Андреа Пирло беше изборот на Малдини и Леонардо за нов италијански селектор, а откако се беше подготвено да стави потпис на договорот, во Италија се активираа политички притисоци и трети страни за да ја блокираа оваа зделка.
Како што стојат работите во овој момент, легендарниот Пирло нема да стане нов италијански селектор, а причина за тоа е негов важечки договор со руски букмејкер од периодот кога работеше во Обединетите Арапски Емирати.
За италијанските политичари изгледа недозволиво селекторот да има било каква врска со руска компанија која пропагира спортско обложување, па откако оваа ситуација прерасна во голем скандал, со официјално соопштение се јави и самиот Пирло.
– Во последните денови, со голема горчина ја следев дебатата околу моето име и можноста да ја преземам улогата на селектор на италијанската репрезентација. Од почит кон институциите, Федерацијата и сите вклучени, до сега одбрав да молчам. Сепак, верувам дека е потребно да разјаснам неколку точки.
– Низ целата моја кариера, прво како играч, а сега како тренер, секогаш ја извршував мојата работа во целосна согласност со законите на земјите во кои работев и договорите што ги потпишував. Професионалната соработка што беше предмет на неодамнешната контроверзност, произлегува во контекст на моето работно искуство во Обединетите Арапски Емирати и е исклучиво комерцијална и спортска по природа.
– Да се припише политичко значење на таа соработка и да ми се припишат верувања што никогаш не сум ги искажал и кои не ми припаѓаат е целосно надвор од контекст. Сакам да им се заблагодарам на Малдини и Леонардо за почитта и довербата што ми ја покажаа. Ја знам нивната компетентност, нивната сериозност и љубовта што отсекогаш ја имале за италијанскиот фудбал.
– Жалам што една чисто спортска одлука толку брзо се претвори во јавна конфронтација со која на крајот ми се припишаа значења и намери што не ми се по природа. Мојата љубов кон Италија не зависи од работната позиција. Таа е дел од мојата историја, од мојот идентитет и ќе продолжи да ме придружува засекогаш, – порача Пирло.










