Инфантино со остар одговор за критичарите: Додека вие ширите омраза, ние сме во првите редови

Дерби

27/07/2026

13:09

149

Големина на фонт

а а а

Џани Инфантино доби серија критики за своите постапки на Светското првенство и многумина побараа од него да си поднесе оставка, но додека јавноста му дели лоши зборови за одредени одлуки кои ги повлече како прв човек на ФИФА, познатиот фудбалски работник реши да се огласи со соопштение кое дрско им одговара на критичарите.

Инфантино го оценува завршениот турнир во САД, Мексико и Канада како најдобар и најизвонреден во историјата на мундијалите, но испрати и жестока порака до оние кои биле повеќе фокусирани на ширење омраза и критики, отколку на сето она убаво што се случи на теренот и трибините.

– До сите вас кои не ги видовте децата, бебињата, бабите, дедовците и родителите кои се собираат за оваа прекрасна играч, сакам да ви кажам дека жалам што натпреварите се готови и што ја пропуштивте цела таа радост и заедништво. Жалам што вашата омраза и критиките до толку ве обземаа, што на крајот пропуштивте се што беше убаво.

– Оние кои се со перото во раце (новинарите), зад своите екрани и оние кои шират омраза и лажни гласини, имам порака и за нив: Додека вие седите во позадина, ние во ФИФА сме во првите ударни редови. Организираме, напорно работиме и го приредуваме најдоброто шоу во светот.

– Ова беше најизвонредното Светско првенство во историјата, немаше насилство, ниту инциденти. Сигурноста за сите беше стопроцентна и ширевме само радост и среќа. Додека едни се кријат, ние ги истраживме улиците на Канада, Мексико и САД. Зборувавме со фановите, се радувавме со луѓето и обезбедивме сигурност за сите. Додека едни двојат, ние обединуваме, – порача Инфантино.