Тибо Куртоа и оваа година беше составен дел од познатиот музички фестивал „Тумороуленд“ кој се одржува во неговата Белгија, а фактот што се уште е на летен одмор го искористи за да биде дел од неколку шоуа.
Голманот на Реал Мадрид ги полни батериите по настапот кој го имаше на Светското првенство, но гостувањето на познатиот фестивал го искористи за да даде и позитивна вест до сите фанови на Реал Мадрид околу неговата повреда.
Тибо се повреди против Шпанија и беше изваден во завршницата, а токму неговиот резервист Ламенс се претвори во трагичар и подари победа која ја одведе „фуријата“ во полуфинале.
– Веќе не чувствувам никаква болка и се е во ред. Уште за време на мечот сфатив дека не се работи за ништо сериозно. Сите зборуваат за две или три недели, но кога ќе дојде време да се вратам на тренинзите, ќе бидам целосно подготвен, – изјави Куртоа во интервју за „ХНЛ“.
Куртоа по Светското првенство најави дека ќе земе мал одмор од репрезентацијата и дека ќе го пропушти циклусот во Лигата на нации, па сега ќе треба да одлучува за својата иднина во националниот тим знаејќи дека има нов селектор.
– Не го познавам лично Ван Бомел, но сите сме запознаени со успехот кој го имаше во Антверп. Исто така, го знаеме од времето кога беше брилијантен фудбалер и со нетрпение чекам да разговарам со него, – изјави Куртоа.
.@thibautcourtois x @dimitrivegas 🧤
— Festival Season Media (@Festseasonmedia) July 25, 2026
(🎥 via @tomorrowland) pic.twitter.com/ftMsQwYT9y







