[ФОТО] Цел Балкан е изненаден каде летува Јокиќ: Има пари за луксуз и јахти, а живее како сиот обичен свет

Точка

22/07/2026

13:55

1.212

Големина на фонт

а а а

Трикратниот МВП на НБА лигата, Никола Јокиќ, ужива во скромниот начин на живот.

Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ и ова лето се одмора во Србија. Откако ѝ помогна на репрезентацијата да забележи две важни победи во квалификациите за Светското првенство, пред новите предизвици во националниот дрес ги полни батериите во родниот Сомбор.

Јокиќ бил забележан на јавниот базен во Кљајиќево, недалеку од Сомбор. Кошаркарот уживал во друштво на семејството и пријателите, а најмногу им бил посветен на децата. Ги учел да пливаат и да уживаат во водата. За тоа сведочи и фотографијата на еден од посетителите...

Не треба да се трошат зборови за скромноста на Никола. Тој може да летува на која било дестинација во светот, а одлучил да се капе на јавен базен каде што влезот чини 100 денари. Претходно, Јокиќ со пријателите бил на рафтинг на Тара, каде што традиционално е гостин и очигледно не му треба ништо повеќе од тоа...


Србија ги продолжува квалификациите за Светското првенство во август, кога противници ќе ѝ бидат селекциите на Исланд и Италија, а по завршувањето на обврските во репрезентацијата, Никола ќе им се посвети на подготовките со Денвер Нагетс кои минатата сезона не стигнаа далеку во плејофот. Се очекува капитенската улога повторно да ја преземе Богдан Богдановиќ, кој не му беше на располагање на селекторот Душан Алимпијевиќ за натпреварите во јули.