„ЕСПН“ го избра најлошиот тим на мундијалот: 11 ѕвезди кои целосно разочараа

Дерби

21/07/2026

16:06

612

Големина на фонт

а а а

Светската спортска јавност полека извлекува заклучоци и го сумира впечатоците од сето она што беше понудено на 23-то Светско фудбалско првенство, а откако ФИФА веќе им ги додели наградите на најдобрите поединци, дел од најпознатите светски медиуми се занимаваат и со играчите кои целосно потфрлија на овој мундијал.

Како и обично, имаше голем број разочарувања и играчи кои понудија неочекувано лоши перформанси, но угледниот „ЕСПН“ реши да се задржи на 11 и да состави тим од ѕвезди кои беа најлоши во изминатите пет недели.

Поради катастрофалните грешки кои ги правеше за својот Уругвај, искусниот Муслера е избран за најлош голман на турнирот во САД, Канада и Мексико, а пред него се поставени елитни имиња од одбраната и интересно е тоа што дури тројца се од Премиер лигата.

Ван Дајк, Геи и О’Рајли му прават друштво на Кимих кој беше ставен да игра во одбрана од селекторот Нагелсман, нешто што се покажа како огромно промашување во секоја гледна точка.

Во средниот ред најголеми разочарувања според „ЕСПН“ се МекТоминеј и Валвреде како класични играчи за врска, додека во офанзивниот дел ги избра Вирц, Бруно Фернандеш и Пулишиќ. Во формацијата 4-2-3-1 имаше место и за Нејмар, големата бразилска ѕвезда која сосема изненадно се најде и во завршниот список на Карло Анчелоти.