Роналдо го издвои најдобриот модел на игра и фаворитот за „Златната топка“

Дерби

22/07/2026

13:08

247

Големина на фонт

а а а

Луис Назарио Де Лима Роналдо со големо внимание го испрати Светското првенство во САД, Мексико и Канада кое заврши со триумф на Шпанија.

Шпанија дојде до втората ѕвезда на својот грб и тоа откако во завршниот меч на турнирот славеше над Аргентина со 1-0 по продолженијата. Шпанците доминираа, комплетно ги неутрализираа „гаучосите“ кои дуелот го завршија со само два упатени удари и тоа двата надвор од рамките на голот.

- Беше историски ден бидејќи Шпанија доминираше од почеток до крај. Очекував таква контрола во сите сегменти од играта. Шпанија можеби не постигна повеќе голови и не победи со поубедлива разлика, што го заслужи според сите очекувања, но тие имаа апсолутна доминација во текот на целиот натпревар. Тоа беше вистински пораз. Разликата во квалитет помеѓу Шпанија и Аргентина е огромна.

- Дури и со Лионел Меси, Аргентинците не беа рамноправни со Шпанците. Аргентина не се бореше во финалето со храброста што беше нивна најголема сила во текот на турнирот. Никогаш не играа добар фудбал. Едноставно се бореа со многу храброст, но не беше убава игра. Од друга страна, Шпанија има препознатлива ДНК и прекрасен стил. Бразилската „Joga bonito“ е застарена, а сегашниот модел на игра што го демонстрира Шпанија е неспоредлив и најдобар во светот, - истакна Роналдо кој го издвои и фаворитот за „Златната топка“.

- Родри е прв фаворит за освојување на Златната топка. Тој беше најистакнатиот поединец на Шпанија на Светското првенство, а тоа има огромна тежина кога се доделуваат индивидуални награди. Сосема е можно повторно да ја освои престижна награда, - порача славниот Бразилец.