Ираола испрати порака за иднината на Макалистер и Алисон во Ливерпул

Дерби

22/07/2026

14:48

280

Големина на фонт

а а а

Ливерпул остана без неколку важни играчи од минатата сезона, играчи кои беа стандардни првотимци како Мохамед Салах, Енди Робертсон и Ибрахима Конате.

Сите си заминаа како слободни играчи и допрва ќе видиме што ова ќе значи за Ливерпул, дали клубот ќе пронајде соодветни замена, фудбалери кои ќе можат да одговорат со својот квалитет, но и лидерство на теренот и соблекуваното.

И други играчи од Ливерпул се поврзуваат со можна преселба во друга средина и тоа Алексис Макалистер и Алисон Бекер, меѓутоа заинтересираните тимови како Реал Мадрид, Јувентус…можат да заборават на нивен трансфер.

- Мислам дека Алексис е еден од најдобрите играчи во клубот во последните неколку години и имаше многу добро Светско првенство, па затоа е нормално другите клубови да ги сакаат нашите најдобри играчи. Тоа секогаш се случува на други пазари. Но, сакам да ги задржам моите добри играчи. Повеќе се радувам на потпишување нови играчи отколку на губење на оние што ги имаме тука.

- Многу сум задоволен од ситуацијата што ја имаме во голманската линија. Алисон е некој што е во соблекувална која изгуби некои референци во однос на искуството, мислам дека тој е некој што дефинитивно ќе ни помогне во овој процес на адаптација на новите засилувања, на новите играчи, на младите играчи.

- Ни требаат референци како Вирџил [ван Дајк], како Алисон, како Џо Гомез, играчи кои се тука долго време, - порача Ираола.