[ВИДЕО] Го сретнал Јокиќ на рафтинг па го насмеал: „Брате, мислев дека си подебел“

Точка

20/07/2026

22:31

1.686

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ (31) повторно стана тема на социјалните мрежи, но овојпат не поради потег на кошаркарскиот терен, туку поради својата опуштена реакција за време на рафтинг на реката Тара.

Снимката на која се шегува со обожаватели уште еднаш потврди дека е спортист кого публиката го цени поради неговата едноставност и смислата за хумор.

Средба на реката

Најдобриот светски кошаркар ја искористи паузата по квалификациите за Светското првенство, на кои како капитен ја предводеше репрезентацијата на Србија, за одмор во природа. Јокиќ со години летува покрај реките во регионот, а и овојпат на социјалните мрежи се појавија снимки од рафтингот. Една од нив стана вирална.

На снимката се гледа како група младичи од друг чамец го препознаваат и му се обраќаат. Еден од нив на шега му упатил коментар за неговиот физички изглед:


„Брате, мислев дека си подебел, ама не си. Те зафркаваат.“

Јокиќ веднаш со насмевка му возвратил:

„Ма, луѓето си се шегуваат, сè знам“.

Природност што се цени

Кратката интеракција предизвика бројни позитивни реакции на интернет. Корисниците на социјалните мрежи ја пофалија пристапноста на Јокиќ и фактот што една од најголемите спортски ѕвезди на денешницата се однесува сосема природно, без дистанца кон своите обожаватели. Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.


За физичкиот изглед на трикратниот МВП на НБА-лигата често се водат дискусии, најмногу затоа што се разликува од повеќето други кошаркари. Сепак, Јокиќ со години докажува дека тоа воопшто не му пречи да постигнува врвни резултати, со што се вброи меѓу најдобрите играчи во историјата на лигата.

Додека трае летната пауза, српскиот центар се одмора на свој препознатлив начин. Рафтингот на Тара стана неизоставен дел од неговото летно секојдневие, а овој настан само дополнително ја потврди сликата за него како личност со препознатлива смисла за хумор.