Марк Кукурелја направи голем трансфер во пресрет на Светското првенство и стана член на Реал Мадрид, а добриот старт на летото очигледно беше најава за спектакуларен турнир од страна на левиот бек.
Кукурелја не загуби ниту еден директен дуел со противничките фудбалери кои ги имаше на Светското првенство, па откако освои нова голема титула како шпански репрезентативец, повторно беше еден од најинтересните за фановите.
Левиот бек пред стартот на мундијалот вети дека ќе го истетовира ликот на Луис де ла Фуенте доколку Шпанија ја освои титулата, но пред да дојде за ред ремек-делото на неговото тело, играчите вчера на големо го славеа вториот најголем успех во историјата.
Втората светска титуал собра 2 милиони Шпанци низ улиците во Мадрид, а главната фешта секако беше резервирана пред плоштадот „Сибелес“ и се славеше до раните утрински часови.
Сосема очекувано, Кукурелја за фановите имаше предвидено и една специјална задача, односно побара од нив тие да ја отпеат легендарната песна кој тој ја смисли по повод титулата на Европското првенство.
– Халанд се тресе, доаѓа Кукурелја…, – пееја во еден глас илјадници шпански фанови.
😅🤙 Cucurella lo vuelve a hacer: se mete a todos en el bolsillo con su canción más viral#FIFAWorldCup #Mundial2026 pic.twitter.com/q3CbI7EP0J
— MARCA (@marca) July 20, 2026







