Жоан Лапорта пред некое време официјално го започна новиот мандат како претседател на Барселона, мандат кој носи нови предизвици, мандат во кој главната цел ќе бидат топ резултати и освоени титули.
Барса дефинитивно ќе доживеа промени во играчкиот кадар во овој летен преоден рок иако засега навидум се изгледа мирно со исклучок на ангажманот на Ентони Гордон од Њукасл и заминувањето на Роберт Левандовски како слободен играч.
Си отидоа и некои други играчи кои не беа во прв план, беа на позајмици како Ансу Фати и Ињаки Пења. Се најавуваат заминувања, но и засилувања, а едно од нив ќе биде Карим Адејеми од Борусија Дортмунд.
- Многу сме возбудени за Адејеми. Долго време ни се допаѓа. Тој е опасен, брз е, а Деко го спроведе трансферот исклучително добро. Веста излезе кога требаше, - рече Лапорта кој порача дека Рафиња останува на „Камп Ноу“.
- Рафиња останува. Немаме апсолутно никаков интерес тој да ја напушти Барселона. Тој е еден од столбовите на овој тим. Доведувањето на Гордон и Адејеми го зајакнува нашиот напад, но тоа не значи дека го пуштаме Рафиња да си оди. Тој е клучен играч за нас. Жално е што минатата сезона не беше во можност да се претстави најдобро во завршните фази од Ла Лига, Лигата на шампионите и Купот. Резултатите можеа да бидат поинакви, - порача претседателот на каталонците.
Во однос на големата желба Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, предводникот на Барса исто така беше отворен:
- Ќе видиме. Во врска со потпишувањето на Хулијан, очигледно нема да танцуваме по ничиј туѓ ритам. Ние ќе го одредиме темпото. Дадовме понуда, но не е неограничена и во соодветно време ќе одлучиме колку долго таа понуда ќе остане на маса. Ја дадовме понудата затоа што и спортскиот оддел и тренерот го сакаат играчот. Мислам дека тој е извонреден фудбалер. Дадовме многу значајна понуда, но нема да остане отворена на неодредено време.
- Верувам дека Хулијан е одличен играч и ја држиме понудата на маса иако е финансиски многу значителна. Но, валидноста на таа понуда не е неограничена, -порача Лапорта кој во живо ќе го проследи соочувањето меѓу Франција и Шпанија во Далас.










