Мурат Јакин не го криеше незадоволство и испорача низа забелешки за арбитражата на четвртфиналето против Аргентина, особено поради фактот што лошата проценка на судијата Жоао Пинеиро на крајот заврши кобно за неговиот тим.
Судијата непотребно покажа жолт картон на Паредес и по проверката ја исправи неправдата, но тоа автоматски донесе втор жолт картон за Емболо и голем шок меѓу швајцарските фудбалери.
Јакин по средбата призна дека не бил запознаен со ова фудбалско правило и останал целосно вџашен од целиот епилог, а во разговор со домашните новинари, уште повеќе ја апострофирал тежината на предидзвикот кој го имал неговиот тим.
Срочено во една реченица, Јакин се обидел да долови како му изгледала битката на теренот, па со тоа јасно стави до знаење дека се чувствува ограбено од судиите.
– Не игравме само против Аргентина која е светски шампион, игравме и против 70 илјади аргентински фанови, против судијата и против ВАР, – кратко изјавил Јакин пред домашните новинари.







