„Црвените ѓаволи“ во акција: Јунајтед пред потпис со еден од најдобрите играчи за врска во ПЛ

Дерби

13/07/2026

13:54

320

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед ќе ја засилува средината на теренот во овој преоден рок во кој досега требаше да име обезбедено две засилувања, но една зделка дефинитино е откажана и тоа онаа на Едерсон кој требаше да пристигне од Аталанта.

Андреј Сантош од Челси е ас кој наводно веќе е договорен за да денеска стигне информација која говори дека Јунајтед е пред потпис со еден од најдобрите белгиски фудбалери, ѕвездата на Астон Вила, Јури Тилеманс.

Повеќе извори пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ се во напредни преговори со асот кој од 2019 година настапува на островот и има одиграно 244 средби во Премиер лигата. Јури дал зелено светло за оваа операција и се очекува да се дојде до конечен договор и Белгиецот да слета на „Олд Трафорд“,

Тилеманс уште како тинејџер блесна во Андерлехт по што преку Монако дојде до Лестер, а потоа и Астон Вила со која сега е врзан до 2028 година.