Кол со провокација до капитенот на „гаучосите“: Ќе го испратиме Меси на спиење…

Дерби

13/07/2026

12:53

243

Големина на фонт

а а а

Англичаните и нивната јавноста се познати како „многу скромни“ кога е во прашање фудбалот или поточно нивната репрезентација, постојано има „чукање во гради“ дека фудбалот се враќа дома и дека секое натпреварување е нивно, а реалноста е дека на Европските и Светските првенства имаат освоено само една титула и тоа во далечната 1966 година.

„Трите лава“ ќе играта полуфинале на СП во САД, Мексико и Канада, а нивен ривал им е селекцијата на Аргентина која е актуелен шампион.

Меѓутоа и покрај сè што е видено, чуено, Англичаните како воопшто да не ја сметаат Аргентина за достоен ривал и веќе се гледаат во финалето, па дури и се испраќаат провокативни изјави од играчи кои во минатото го носеле националниот дрес.

- Ќе мораме да го успеме Меси. Ќе го испратиме на спиење, - порача Џо Кол кој беше предупреден од Мика Ричардс да не се расфрла со зборови, ама тој продолжи:

- Сигурни сме, 100 проценти. Го кажувам тоа сега, Англија оди во финалето на Светското првенство, имаме премногу брзина за Аргентина и ќе ги победиме, го чувствувам тоа во моите коски, - истакна Кол.