Капитенот Родри знае што му е потребно на Јамал: Мора малку…

Дерби

13/07/2026

15:33

266

Големина на фонт

а а а

Шпанија успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство и тоа буквално без помошта на двајцата најдобри играчи од Европското првенство, двајцата играчи кои одиграа клучна улога за освојување на пехарот Ламин Јамал и Нико Вилијамс.

Двајцата го дочекаа овој турнир неподготвени, не залечени од повредите со тоа што Јамал влезе во ритам и доби минути за разлика од членот на Атлетик Билбао кој и за време на СП се повреди и одново остана без минутажа на две средби во низа.

Се гледа дека желбата кај Јамал е голема, сака да се докажува, да покаже дека е присутен, но таа негова енергија во доста ситуации како да му пречи и тоа го забележал капитенот Родри.

- Мислам дека треба малку да се смири, таа анксиозност да понекогаш да мора да се докажува. Тој е многу важен играч за нас поради она што го прави со и без топка, и е многу интелигентен човек. Вистина е дека има 19 години и дека мора да го смириме во одредени моменти од играта, - вели Родри и додава:

- Мислам дека тој е играч кој веќе ја покажа својата зрелост уште на Европското првенство, а сега кога е две години постар, не сте толку изненадени од тоа што може да направи на негови години. Тој е многу зрел млад човек кој сè уште има простор за подобрување кога станува збор за читање на играта, што е сосема нормално за негови години, но веќе знаеме на кое ниво е. Јас сум тој што секогаш му кажува да продолжи и да не престане да игра ако не добие прекршок, но тој е млад човек кој слуша, кој сака да учи и пред сè, дава вистински пример со својот став, додаде ѕвездата на Сити.

Ламин на ова СП има постигнато еден гол и тоа против Саудиска Арабија.