[ФОТО/ВИДЕО] Моника Белучи во Рим го приредила модното изненадување на годината: Излегла од омилената црна боја и покажала што претставува врвна елеганција

Кармин

13/07/2026

12:04

532

Големина на фонт

а а а

Откако се појави на големото платно на почетокот на деведесеттите години од минатиот век, важи за олицетворение на елеганцијата, сензуалноста, гламурот, но и на убавината без рок на траење.

Моника Белучи го одзема здивот каде и да се појави – на црвен тепих, на улица или дури и во секојдневни ситуации. Едноставно зрачи, дури и кога е облечена во црно од глава до пети или закопчана до грло на плус 35 степени.

Токму така, оваа недела таа го запре сообраќајот во Рим, а многумина се изненадија кога видоа дека на себе немала апсолутно ништо во нејзината омилена боја.


Секоја година избираме најсекси жена во земјата, на планетата, во универзумот, но повеќето од нив се – минливи. Поминуваат како ветер, исто како и трендовите.

Моника Белучи, сепак, е класика. Нешто вечно, идеално, восхитувачко и запрепастувачко, како божиците од римската митологија.

А кога веќе зборуваме за Рим, оваа недела италијанската фатална жена, која во септември ќе наполни 62 години, успеа дополнително да ја подигне и онака високата температура во главниот град, иако не истакна ниту еден свој атрибут. Напротив, сè сокри.


А пред Националната галерија за современа уметност се одвивал вистински филм. Рефлектори, фотографи, обезбедување... Марија Грација Кјури, креативната директорка на модната куќа Фенди, одлучи токму во оваа зграда да приреди ревија на „haute couture“ колекцијата за есен/зима 2026/27.

Ревијата се совпадна со изложбата што се одржува на истото место – приказна за Карл Лагерфелд, поранешниот „главен и одговорен“ на престижниот италијански бренд, основан далечната 1925 година токму во „вечниот град“.


Моника Белучи (каква што сè уште не сте ја виделе!) пристигнала во костум со прецизен и класичен крој, составен од панталони со пошироки ногавици, сако со двојно закопчување и елек.

Формален, но во исто време и лежерен стајлинг, врвна елеганција без ниту еден непотребен детаљ и нешто драстично поразлично од изданијата во кои сме ја гледале на претходните настани. Најзабележливата разлика е – бојата.


Знаеме дека црната боја ѝ е омилена, што безброј пати го докажала, но за оваа пригода избрала боја на слонова коска – и тоа монохроматска комбинација која зрачи со ненаметлив луксуз.

Единствените додатоци биле чанта во светлозлатни нијанси и очила за сонце, кои суптилно внеле „контраст“. Иако направила мал исчекор при изборот на боите, безвременската убавица останала верна на себе и на својот стил, кој не зависи од минливите трендови.









Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk