[ФОТО] По 25 години врска и 3 деца - венчавка за паметење: Популарната убавица од 90-тите се омажи и воодушеви со венчаницата

Кармин

13/07/2026

10:42

627

Големина на фонт

а а а

Поранешната манекенка Ева Херцигова се омажи за својот долгогодишен вереник Грегорио Марсијаж, а свадбената прослава за 50 најблиски членови на семејството и пријатели се одржа во познат италијански ресторан.

Чешкиот супермодел Ева Херцигова се омажи за својот партнер Грегорио Марсијас по 25 години врска.

На двојката им се придружија нивните три сина, Џорџ, Филип и Едвард, заедно со нивните најблиски роднини и пријатели за да го прослават нивниот најубав ден.


Ева Херцигова (53) изгледаше романтично и прекрасно во етеричен бел фустан од „Lanvin“, кој имаше длабоко деколте и драматична наметка.

Најубав додаток беше нејзината насмевка која не ја симна од лицето додека шеташе рака под рака со сопругот.

Торинскиот бизнисмен носеше темно сив костум и бела кошула, а сето тоа го комплетираше со бел цвет на реверот и сива вратоврска.

Ева и Грегорио се венчаа во црквата Сан Вито во Торино, а невестата беше придружувана до олтарот од нејзиниот татко.


По црковната венчавка, имаше граѓанска венчавка во вообичаено затворената сала деи Плебисцити во барокната палата Палацо Карињано.

Свадбената прослава за 50 најблиски пријатели и семејство се одржала во ресторанот „Дел Камбио“, со Мишелин ѕвезди.

За потсетување, двојката се запознала во 2001 година во италијанското село Вариготи, а се свршиле во 2017 година.

Ова не е прв брак на Ева, таа претходно била во брак со тапанарот на „Бон Џови“, Тик Торес.


„Мојот брак со Тик пропадна затоа што бевме премногу млади за да изградиме какви било темели заедно. Не сум љубител на бракот. Врската е прашање на еволуција, а бракот го запира напредокот на љубовта. Јас сум многу независна девојка и навистина ми се допаѓа осаменоста. Всушност сум како мачка: сакам да ме галат, но исто така треба да си одам, а потоа да се вратам“, еднаш рекла Ева.

Сепак, таа ја пронашла среќата во Грегорио.


„Тој ме прави да се чувствувам толку добро во врска со тоа која сум, таква каква што сум. Имам моменти кога не се чувствувам добро. Но, тој секогаш ме крева. Тој е толку позитивна личност и прекрасен татко. Тој го исполнува мојот живот со радост“, заклучила таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk