[ФОТО] Ѓерданот којшто го носела кралицата Камила на Вимблдон крие емотивна симболика: Саканите личности секогаш блиску до срцето

Кармин

10/07/2026

13:15

435

Големина на фонт

а а а

Британската кралица Камила неодамна го посети тенискиот турнир Вимблдон, а накитот што го носеше има посебна симболика и значење.

Кралицата Камила неодамна се појави на тенискиот турнир во Вимблдон, а модниот избор што го направи беше, како и секогаш, непогрешлив, а изборот на додатоци полн со симболика.

Британската кралица носеше прекрасен светло син миди-фустан со долги ракави и набразден долен дел кој на вистински начин ја истакнуваше нејзината фигура и женственост.


Таа го комбинираше овој фустан со беж кожни балетанки и чанта во иста боја, а она што привлече посебно внимание беше накитот.

Според странските медиуми, кралицата Камила ги „донела“ своите внуци на натпреварот, барем во форма на накит.

Имено, за оваа пригода таа одбрала златен ѓердан со рубини околу вратот на кој се иницијалите на нејзините пет внуци.

Ѓерданот има златен детаљ со рубин во центарот, кој е нејзиниот камен по раѓање. А од другата страна на приврзокот се иницијалите L, F, G, L и E што ги претставуваат Лола, Фреди, Гас, Луис и Елиза.


Лола (19) и Фреди (16) се деца на синот на Камила, Том Паркер Боулс, додека Елиза (18) и близнаците Гас и Луиза (17) се деца на нејзината ќерка Лаура Лопез.

Кралицата Камила никогаш не криела колку ужива во тоа што е баба.

„Знаете, убавото нешто во тоа што си баба е што можеш да ги разгалуваш одвреме-навреме, да им даваш повеќе работи од кои нивните родители ги штитат“, изјавила Камила еднаш за британскиот „Вог“ во 2022 година

Покрај ѓерданот и скапоцениот приврзок, Камила на Вимблдон носела и пар обетки во тиркизна и дијамантска боја кои одговараа на нејзиниот син стил.


Иако точното потекло на обетките е непознато, таа за првпат беше видена како ги носи во јавност во 1998 година на прославите по повод 50-тиот роденден на кралот Чарлс.

Оттогаш, таа ги носеше безброј пати - од државни вечери до музички настани и доделување награди, честопати со соодветна ѓердан.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk