[ВИДЕО] „Најчудното нешто некогаш видено на фудбалски натпревар“: Глетка од САД ги згрози навивачите

Точка

12/06/2026

13:40

1.687

Големина на фонт

а а а

Американските фудбалски навивачи се најдоа на удар на критики на социјалните мрежи поради сцена која многу љубители на фудбалот ја опишаа како една од најбизарните што некогаш ја виделе на стадион.

Додека вниманието на јавноста е насочено кон Светското првенство, кое започна вчера, виралниот момент не се случил за време на еден од натпреварите на турнирот, туку на пријателскиот натпревар меѓу Англија и Костарика, одигран во средата во Орландо, пишува „Unilad“.

Станува збор за последниот подготвителен натпревар на англиската репрезентација пред отворањето на првенството против Хрватска следната недела во Далас. Но, наместо случувањата на теренот, главна тема станаа навивачите на трибините на стадионот „Inter&Co“.

Сцена што ги шокираше фудбалските обожаватели

Имено, додека англискиот репрезентативец Деклан Рајс се подготвувал да изведе корнер во средината на првото полувреме, телевизиските камери снимиле навивачи како седат на маси, јадат и разговараат, речиси како да се на пикник или во ресторан, а не на фудбалски натпревар. Сцената можете да ја погледнете во видеото подолу.

Таквата сцена за многумина беше целосно необична. Во повеќето фудбалски земји навивачите за време на натпреварот стојат, гласно навиваат и создаваат атмосфера на трибините, па снимките од Орландо предизвикаа големо изненадување меѓу љубителите на спортот.

Коментарите на социјалните мрежи се множат

Особено бурно реагираа европските навивачи, кои не го криеја своето чудење. „Најчудната работа што некогаш ќе ја видите на фудбалски натпревар“, напишал еден корисник на Икс.

Друг додал: „Американците се решени да ја уништат оваа прекрасна игра“. Третиот коментар е уште подиректен: „На стадион имаат тркалезни маси и вечераат. Дури не се ни во ВИП-ложа. Ова едноставно не е нормално“.


Меѓу бројните реакции се најде и онаа што најмногу се споделуваше на социјалните мрежи: „Во што, по ѓаволите, се претвори модерниот фудбал?“