Дидие Дешамп долго време е селектор на Франција, но таа приказна ќе заврши летово или поточно со Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Ова ќе биде последен турнир за искусниот Дидие на сегашната позиција и дел од играчите веќе најавија дека ќе играат и за него за да на перфектен начин со титула ја заокружи оваа приказна, поглавје во кариерата.
Килијан Мбапе добро го познава Дешамп и отворено порача дека не сака во идниина да го види како селектор на друга репрезентација, особено на Италија која е во потрага по нов човек.
- Го гледам како се смее, а е и пофлексибилен. Во минатото го знаев како поцврст, но неговата сила лежи во неговата способност да се прилагоди на новите генерации.
- Тоа не е лесно. Сепак, тој никогаш не ја променил својата порака. Се обидуваме да го искористиме максимално неговото присуство и да му оддадеме почит со тоа што ќе победи на начинот на кој тој сака.
- Сепак, се надевам дека нема да тренира други национални тимови. Ги видов вестите што го поврзуваат со Италија. Тоа би било жално. Дидие е Французин; тој ни припаѓа нам, - порача Килијан за „Газета Дело Спорт“.






