Мексико го оправда статусот на фаворит и издвојува победа над Јужна Африка од 2-0 во премиерниот натпревар на 23. Светско фудбалско првенство.
Домаќините беа доминантни, сигурни и можеа и да запишат уште поубедлив триумф, но она што е најважно за нив освоени се трите бода што е добар почеток. Вториот гол за Мексиканците беше дело на доскорешниот член на Фулам, Раул Хименез за кого ова беше прв погодок на мундијалите.
Ова за Раул беше емотивен момент и погодокот му го посвети на татко му кој почина пред неколку месеци.
- Кога топката влезе во мрежата, првото нешто што го направив беше да погледнам кон трибините на „Ацтека“. Од навика, го барав татко ми… и во тој момент сфатив дека тој не е физички таму за да ме види како постигнувам гол на Светското првенство на домашен терен. Овој гол е за него. Беше неверојатно емотивен момент, едноставно не можев да ги сопрам солзите. Овој гол го чеква четири Светски првенства и да го постигнам токму тука, пред нашите луѓе, чудо, - истакна Раул кој говореше и за повредата која можеше да му ја заврши кариерата.
- Да ми кажеше некој пред неколку години, кога добив фрактура на черепот, дека ќе го предводам нападот на Мексико на првиот меч на Светско првенство на домашен терен и ќе постигнам гол, немаше да верувам. Лекарите тогаш ми рекоа дека е чудо што сум воопшто жив. Никогаш не се откажав, продолжив да работам и денес е доказ дека верата и напорната работа се исплатуваат.
- Ова е само првиот чекор од три натпревари по групи. Нашата цел е да завршиме први во групата. Мора да одиме натпревар по натпревар, но не се плашам да го кажам тоа: гледам како овој тим може да оди до крај и да ја подигне светската титула во Њујорк. Имаме сила, ги имаме навивачите, сега ни треба само смиреност, заклучи ветеранот.











