Нема повеќе дилеми: Силва пресече и го избра клубот во кој ќе ја продолжи кариерата

Дерби

12/06/2026

12:08

569

Големина на фонт

а а а

Искусниот Бернардо Силва се збогуваше со Манчестер Сити по крајот на натпреварувачката 2025/2026 што воедно значеше дека како слободен играч ќе може да ја избере новата дестинација во кариерата.

Се споемнуваа повеќе опции, Италија, Шпанија, САД, Саудиска Арабија…ама на крајот ќе игра на Пирините и тоа во земјата на актуелните европски шампиони.

Имено Бернардо кажал „ДА“ за добиената понуда од Реал Мадрид, тим со кој ќе потпише двегодишен договор со опција за уште една сезона. Атлетико Мадрид и Барселона водеа разговори, преговори со Бернардо и се водеше кон тоа дека еден од овие два клуба ќе биде новиот дом на офанзивецот за да на крајот се одлучи за трета опција и соработка со Жозе Мурињо.

Реал тргна во сериозна реконструкција на екипата, веќе се договорени Дамфрис и Конате, а се најавуваат и други засилувања.

Силва во август ќе го прослави 32 роденден, досега има настапувано уште за Бенфика и Монако.