Реал го потврди Мурињо, па тргна во офанзива да му „украде“ планирано засилување на Атлетико!

Дерби

12/06/2026

07:20

295

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид оваа вечер го потврди Жозе Мурињо за нов тренер и соопшти дека Португалецот потпишал тригодишен договор, но веднаш откако оваа вест стана официјална, се појавија силни гласини за првата трансфер желба која ја побарал „специјалниот“.

Иако пред два дена се говореше дека неговата прва мета ќе биде Матеус Фернандеш од Вест Хем, последните вести велат дека приоритет му се дал на играчот кој е слободен агент, односно елитниот сонародник на Мурињо.

Португалската конекција по се изгледа може да одигра круцијална улога во преговорите меѓу Реал Мадрид и Бернардо Силва, кој наместо да се упати на „Метрополитано“, сега е поблиску до „Сантијаго Бернабеу“.

Како што уверуваат угледните „Марка“ и „АС“, именувањето на Мурињо прави Силва да биде трансфер мета број еден на „кралевите“, а планот е да биде трето договорено летно засилување по Ибрахима Конате и Дензел Дамфрис.

Познатите медиуми до вчера информираа дека Атлетико Мадрид е во пол-позиција за легендата на Манчестер Сити која реши да стави крај на авантурата на „Итихад“, но инситирањето на Мурињо да добие искусен играч во средниот ред сега прават Реал да добие предност во преговорите кои треба да бидат одлучувачки

Според теоријата на двата весници, Мурињо во Силва гледа играч кој треба да постави пример меѓу останатите ѕвезди од првиот тим на Реал, па на Перез му го посочил како примарно трансфер засилување во овој момент.