Шпанскиот шампион Барселона ќе се обиде на најдобар можен начин да го одработи овој летен преоден рок, но ако навивачите очекуваат засилувања тогаш е јасно и дека ќе има одредени заминувања од екипата.
Информациите се дека Барселона подобро стои на финансиски план и го има во рака правилото 1:1 кое беше проблем во изминативе сезони, но се уште постојат одредени прашалници, дилеми и покрај тоа што клубот успешно затври една операција како онаа за Ентони Гордон.
Каталонците остануваат без Роберт Левандовски што е сериозен хендикеп, се бара замена и најспомнувано име е Хулијан Алварез, меѓутоа отпорот на Атлетико Мадрид е сериозен и засега изгледа невозможно Аргентинецот да пристигне на „Камп Ноу“. И додека трае оваа драма, актуелниот првак донел важна одлука околу стандардниот првотимец Феран Торес, а тоа е да ја продолжи соработката со него.
Првичниот план според „Мундо Депортиво“ бил да се чека до септември, октомври, од тука да се решава ситуацијата со договорот кој му завршува во 2027 година. Сега работата ќе се забрза, Барса ќе се обиде да седне на маса со агентот на офанзивецот и му понуди договор за уште три, четири сезони.
Во клубот се задоволни од неговиот ангажман, посветеност и останува да се види дали ќе се пронајде заеднички јазик, Феран од 2022 година е член на секогашниот тим, во минатава сезона имаше учинок од 21 гол и 3 асистенции на 49 натпревари.







