[ВИДЕО] Васил Зафирчев искрено за љубовта, бракот со Калиопи, првиот бакнеж, сексуално искуство: „Вљубен сум, не сум во брак, јас бев во брак...“

Точка

28/05/2026

13:44

1.939

Големина на фонт

а а а

Познатиот македонски актер Васил Зафирчев повторно привлече внимание со својата искреност и смиреност кога станува збор за приватниот живот. Во најновото издание на поткастот „Естраден лексикон“, тој отворено зборуваше за љубовта, врските и начинот на кој општеството ги доживува луѓето според нивниот брачен статус.

Зафирчев, кој важи за еден од најценетите домашни актери, со насмевка откри дека моментално е вљубен и дека е во врска, но не и во брак.

✨„Вљубен. Вљубен… Во врска. Не сум во брак, јас бев во брак“, искрено одговори актерот на прашањето за неговиот љубовен статус.

Покрај љубовниот живот, тој се осврна и на општествените очекувања и потребата луѓето постојано да бидат категоризирани според тоа дали се во брак, во врска или сами. Преку интересна анегдота од секојдневието, Зафирчев посочи дека ваквите етикети често стануваат поважни за околината отколку самата лична среќа и исполнетост.

Неговото гостување предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а многумина ја поздравија неговата искреност и зрел пристап кон темите за љубовта и приватниот живот.

Иако ретко зборува за интимните детали од својот живот, Зафирчев уште еднаш покажа дека знае како со едноставни, но искрени зборови да ја заинтересира јавноста.

✨„Гледаш како системот етикетира на некој начин, нели? Многу ми беше интересно на некаква анкета, не се сеќавам сега каде беше… дали беше во некаква банка или некаква компанија од овие мобилни, не се сеќавам… Дека таму како една од опциите беше дека може да се штиклира кај брачниот статус ‘разведен’. И ти штиклираш дека си разведен, како тоа да е нешто многу важно. Не гледам јас така на тоа. Вљубен, вљубен, тоа е сосема доволно. Кажува сè.“


Зборувајќи за спомените од училишните денови, Васил Зафирчев се присети и на својот прв бакнеж, откривајќи дека тоа искуство му се случило уште во основно училиште.

✨„Охохо, во основно училиште. Со една моја соученичка, која ми е до ден-денес пријателка. Да, таа е од оние првите, како би рекол, платонски љубови.“

Говорејќи за своето прво сексуално искуство и за тоа како денес се менуваат границите кај младите генерации, Васил Зафирчев откри дека неговото прво интимно искуство се случило во раната младост, во време кога вредностите и сфаќањата биле значително поинакви од денес.

✨„Јас, бидејќи покрај другари кои ми беа генерација, соученици, имав и едно друштво кое беше повозрасно… Така што, точно можев да увидам како се менува тоа сексуално созревање, генерациски… Јас некаде на 13-14 години, нешто така. 14 години. Тоа е прва година средно.“


Зафирчев сподели и своја филозофија за тоа што е навистина важно во една врска и како ја препознава вистинската личност за себе. Тој разбива еден голем мит за „пеперутките во стомакот“, кој често се поврзува со љубовта.

✨„Луѓето многу често мислат дека кога човек има пеперутки во стомакот, дека е тоа тоа. Тотално е обратно. Вистински добрите луѓе за нас даваат мир, не немир“, рече актерот.