[ФОТО] Заводливиот актер од „Вовед во анатомија“ го очекува своето трето дете, а прво со 11-години помладата партнерка

Точка

27/05/2026

22:04

557

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на серијата „Вовед во анатомија“, Џеси Вилијамс очекува трето дете, прво со својата 11 години помлада партнерка партнерка Алехандра Ониева, пренесува „Пипл“.

Шпанската актерка неодамна ја потврди бременоста преку неколку фотографии објавени на Инстаграм, на кои се гледа нејзиниот труднички стомак.


Парот неодамна бил фотографиран и заедно во Лос Анџелес. Ониева носела сини панталони и јакна во иста боја, во комбинација со краток топ што го истакнувал трудничкиот стомак, додека Вилијамс бил во лежерна комбинација со сив дуксер.

Деца од првиот брак и предизвици при снимање

Вилијамс од бракот со поранешната сопруга Арин Дрејк-Ли има две деца: 11-годишна ќерка Сејди и 10-годишен син Мејсео. Сегашната партнерка Алехандра Ониева ја запознал на снимањето на серијата „Hotel Costiera“.

Во септември минатата година за списанието „People“ зборувал за предизвиците на усогласување на снимањето во Италија со семејните обврски.


„Освен глумата, секоја вечер работев и на продукцијата, го прегледував снименото, давав забелешки и се занимавав со сите други обврски“, рекол тој. „Го нагласувам ова затоа што сонот е клучен, а јас немав доволно. Се будев во три наутро за да им се јавам на децата бидејќи бев во друга временска зона, девет часа пред нив, па беше многу тешко да се спие доволно.“

Развод и борба за старателство

По раѓањето на ќерката Сејди, актерот татковството го опишал како едно од најубавите искуства во животот.

„Тешко е тоа да се опише со зборови. Прекрасно е, секој ден носи некое ново откритие. Уживам во сè. Не спијам многу, само се обидувам да фатам три часа сон во континуитет за да можам нормално да функционирам“, изјавил тогаш за „People“.


Вилијамс и Арин Дрејк-Ли барањето за развод го поднеле во 2017 година. Актерот по разделбата побарал заедничко правно и физичко старателство, тврдејќи дека неговата поранешна сопруга му го ограничува пристапот до децата, додека таа барала исклучиво старателство. Нивната правна битка завршила во 2018 година со договор за заедничко старателство.

Сепак, поранешните сопружници повторно завршиле на суд во 2022 година, кога актерот привремено се преселил во Њујорк поради улога во бродвејската претстава „Take Me Out“, а несогласувањата околу старателството продолжиле и потоа.